Одлука по јавен оглас бр.1/23
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Одлука по јавен оглас бр.1/23
ВРХОВЕН СУД
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Су-07.бр. 57/23
18.04.2023 година
СКОПЈЕ
Судскиот администратор на Врховниот суд на Република Северна Македонија Соња Груевска, врз основа на чл.36 од Законот за судска служба (Сл. весник бр.43/14) и чл.15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл. весник бр.198/18) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.1/23, за вработување на судски службеник на неопределено време, за работно место Советник – портпарол, категорија В, ниво В1, 1 - (еден) извршител, по доставениот Предлог на кандидати за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување Су-04.бр.28/23 од 11.04.2023 година и добиената согласност од Министерството за финансии дека се обезбедени финансиски средства за вработување бр.18-3334/2 од 24.02.2023 година, на ден 18.04.2023 година, ја донесе следната:
О Д Л У К А
За работно место Судски советник категорија В, ниво В1, 1 - (еден) извршител се избира кандидатот:
- Милчо Велјаноски
За избраниот кандидат ќе се донесе решение за вработување.
О б р а з л о ж е н и е
Од страна на Врховниот суд на Република Северна Македонија во дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“, на ден 06.03.2023, објавен е Јавен оглас бр.1/23 за вработување на неопределено време на судски службеник за работно место Советник - портпарол, категорија В, ниво В1, 1 - (еден) извршител.
По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно член 35 став 1 од Законот за судска служба и чл.20 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници од страна на Комисијата за селекција за вработување до Судскиот администратор доставен е Предлог на кандидат за вработување за работно место Советник – портпарол 1 - (еден) извршител, СУ-04.бр.28/23 од 11.04.2023 година.
Со означениот Предлог, за работното место Советник - портпарол, категорија В ниво В1 за 1 - (еден) извршител се предлага кандидатот Милчо Велјаноски од Скопје, кој е рангиран како прв на ранг листата со вкупно освoени 82,914 бодови од сите фази на селекцијата.
Судскиот администратор имајќи го во предвид предлогот на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.28/23 од 11.04.2023 година, за работното место Советник - портпарол, категорија В, ниво В1, 1 - (еден) извршител, го избра кандидатот Милчо Велјаноски од Скопје.
Поради наведеното, согласно член 36 став 1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.
Судски администратор
Соња Груевска
ПPABHA ПOУKA: Против оваа Одлука кандидатот кој не е избран има npaвo на жалба во рок од 8 (осум) дена од денот на доставувањето на одлуката за избор преку Врховниот суд на Република Северна Македонија до Советот на судска служба.
Д.Н. - Судска управа
- Веб страна
- Кандидатите кои се избрани
- Кандидати кои не се избрани од ранг листата