Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
На работната средба беше презентиран работниот документ - Извештај на ОБСЕ во врска со ефикасното процесирање на сериозните форми на организиран криминал и корупција како клучен услов владеењето на правото.
Потенцирајќи ја улогата на активностите и извештаите на ОБСЕ во кои е нотирана и работата на Врховниот суд, Претседателката Адеми истакна дека ваквите анализи со својата објективност и систематичност даваат огромен придонес за правосудството и дека служат како важен ориентир за реализацијата на реформските процеси и надминување на институционалните слабости.
На средбата, исто така, беше потенцирано дека за ефикасното процесирање на сериозните форми на организиран криминал и корупција потребно е да постои широка политичка посветеност, меѓуинституционалната соработка, одлучно лидерство во правосудството и заедничка визија на сите институции во Северна Македонија.