Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Новости  |  16.11.2023
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари работна средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводени од Франц Петучниг, офицер на проект.

На работната средба беше презентиран работниот документ - Извештај на ОБСЕ во врска со ефикасното процесирање на сериозните форми на организиран криминал и корупција како клучен услов владеењето на правото.

Потенцирајќи ја улогата на активностите и извештаите на ОБСЕ во кои е нотирана и работата на Врховниот суд, Претседателката Адеми истакна дека ваквите анализи со својата објективност и систематичност даваат огромен придонес за правосудството и дека служат како важен ориентир за реализацијата на реформските процеси и надминување на институционалните слабости.

На средбата, исто така, беше потенцирано дека за ефикасното процесирање на сериозните форми на организиран криминал и корупција потребно е да постои широка политичка посветеност, меѓуинституционалната соработка, одлучно лидерство во правосудството и заедничка визија на сите институции во Северна Македонија.

 

 


 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_