По повод Европскиот ден на правдата, ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во посета на Врховниот суд [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

По повод Европскиот ден на правдата, ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во посета на Врховниот суд

Настани, Новости  |  25.10.2022
По повод 25 Октомври, Европскиот ден на граѓанската правда, денеска во посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија беа ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“.

Во Врховниот суд учениците имаа можност непосредно да се запознаат со надлежностите, работата и организацијата на највисокиот суд во државата, како и со неговата улога и активности за остварувањето на правдата и владеењето на правото.

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, на учениците им порача дека правното образование доколку е нивна понатамошна определба треба да го градат со многу посветеност и дека тие како генерација ќе ја претставуваат иднината на правниот систем и на правосудните институции.

Учениците истакнаа дека посетата на Врховниот суд за нив е многу корисна и инспиративна и дека понесуваат одлични искуства и ново едукативно знаење за функционирањето на судот, особено во поглед на единството во примената на законите, судската практика и примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права.

25 октомври е Европски ден на граѓанската правда што секоја година се одбележува во сите држави на Европа. Целта на одбележувањето на денот е правдата да се доближи до граѓаните и за таа цел правосудните институции организираат отворени денови.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_