СООПШТЕНИЕ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ
Известувања
|
04.3.2019
Поради зголемениот интерес на медиумите во врска со предметот познат во јавноста под името „Империја“, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 04 март 2019 година, донесе решенија по предметите заведени под Вкж1.бр.13/2019, Вкж1.бр.14/2019 и Вкж1.бр.15/2019, со кои ги уважи жалбите на обвинетите Ј.К., Ц.П. и Н.Ј., решенијата на Апелациониот суд Скопје ги преиначи на начин што ги укина мерките куќен притвор и ги пушти обвинетите да се бранат од слобода веднаш по приемот на решенијата.