Judges [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Judges

Judges

Chairman

CV Chairman

Judge Јово Вангеловски

Name:
Јово Вангеловски
Year of selection:
2017
Work area:
Оддел за казниви дела - Претседател на оддел и Оддел за судска практика

Education:

Роден на 01.02.1960 година во Скопје Националност: Македонец

Податоци за образование: Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 15.11.1982 година

Правосудниот испит го положил на 13.04.1983 година

Work experiance:

Професионално искуство: Од 1 февруари 1983 до 31 август 1986 година работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд Скопје.

Од 1 септември 1986 до 20 мај 2008 година работи како адвокат во повеќе правни области, во почетокот на кариерата стопанска и граѓанска материја, во последните 10 години успешно работење на кривични предмети.

На 20 мај 2008 година избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, каде работи во Одделот за граѓански дела.

На 17 јули 2008 година избран за Претседател на Врховниот суд на Република Македонија. Функцијата Претседател на Врховниот суд на Република Македонија ја извршува до 17.07.2012 година.

Во периодот што следи работи во Одделот за казниви дела и во Одделот за разумен рок во Врховниот суд на Република Македонија.

На 13.03.2017 со одлука бр.08-427/1 од страна на Судскиот Совет на Република Македонија е избран за  Претседател на Врховниот суд на Република Македонија.

Publications and activities:

Во работењето како адвокат и судија на Врховниот суд, учествувал на повеќе меѓународни конференции и семинари во земјата и странство.

Како Претседател на Врховниот суд на Република Македонија (ex officio) член на Судскиот совет на Република Македонија, Заменик претседател на Судскиот буџетски совет и член на Управниот комитет на Академијата за обука на судии и јавни обвинители .

Judges

Judge Васил Грчев

Judge Васил Грчев

Name:
Васил Грчев
Year of selection:
2001
Work area:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судење во разумен рок

Education:

Роден е на 28.02.1959 година во Струмица. По завршувањето на основното и средното образование, се запишал на Правниот факултет во Скопје.

Work experiance:

По дипломирањето на Факултетот и отслужувањето на воениот рок се вработил во Општинскиот суд во Струмица, каде што бил избран за судија и како таков работел се до 1996 година. Во 1996 година е избран за градоначалник на Општина Струмица, а во меѓувреме е именуван за директор и советник за правни работи во Регионалниот центар на Македонски телекомуникации во Струмица. Во декември 2001 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија. До 2002 година работел како судија во одделот за управни спорови, а потоа во одделот за граѓански дела. За член на Судскиот совет е избран на 16.12.2006 година и таа функција на обавува се до 17.12.2012 година. Во периодот од 02.02.2009 година до 02.02.2011 година ја обавувал функцијата Претседател на Судкиот совет. Од 17.12.2012 година повторно ја обавува функцијата судија на Врховен суд.

Judge Николчо Николовски

Judge Николчо Николовски

Name:
Николчо Николовски
Year of selection:
2002
Work area:
Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Оддел за судска практика

Education:

Роден на 14.12.1955 година во Скопје. Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Правосуден испит положил 1986 година во Скопје.

Work experiance:

Избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија на 11.7.2002 година. Работел како самостоен правен референт во РО Македонијаспорт Скопје во период од 1982-1985 година; во 1985-1986 година како секретар на Млад Борец-весник на ССММ; од 1986 до 1989 година како директор на Сектор за правни, општи и кадровски работи во РО Црвена Ѕвезда Скопје и од 1989 година до изборот за судија во Врховниот суд на Република Македонија, како директор на Сектор за правни, општи и кадровски работи во ТД Макошпед АД Скопје, каде воедно обавувал и функција на неизвршен член на Одборот на директори во ТД Макошпед АД Скопје и во АД за осигурување Макошпед Осигурување Скопје.  Женет, татко на две деца.

Publications and activities:

Во 2000 година избран за заменик член на Државната изборна комисија. Во 2002 година избран за член на Државната изборна комисија од редот на судиите на Врховниот суд на Република Македонија. Активен член на Управниот одбор на Здружението на правниците од стопанството на Република Македонија во три мандата, првпат избран 1992, 1996 и 2000 година. Во периодот од 1988 до 1992 година, секретар на претседателството на Сојузот на здруженијата на правниците на Македонија. Има посетувано повеќе семинари и работилници од областа на Трговското право, како активен учесник со свои трудови.

First<1>Last

Decision search

Court
Case number
Date
_

Најнови вести

  • Средба со претставници од Центарот за правни истражувања и анализи

    News  | Jul 16, 2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 15 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со г-дин Жарко Хаџи-Зафиров и г-а Милена Арсова, претставници од Центарот за правни истражувања и анализи и г-а Елена Готовска, претставник од компанијата PwC. На средбата присуствуваше и судија Николчо Николовски, како и членови на кабинетот на претседателот. [повеќе]
  • Средба со aмбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија

    News  | Jul 15, 2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 12 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со Н.Е. г-дин Емилио Лоренцо Сера, амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ

    Announcements  | Jul 11, 2019
    Во врска со известувањето објавено од Државната комисија за спречување на корупцијата на 10 јули 2019 година, ја известуваме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија постапува согласно уставните и законските надлежности, применувајќи ги притоа Уставот на Република Северна Македонија, законите, меѓународните ратификувани договори, како и праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. [повеќе]

Сите вести