Соопштение од одржана Седница на судии
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Седница на судии
Седницата на судии го разгледа Предлог - Наративниот дел и Акцискиот план за Развојната стратегија 2023-2027 година и донесе Заклучок да достави Мислење по доставениот предлог до Работната група при Министерството за правда и до Министерот за правда.
Седницата на судии ги поддржа предлозите во Наративниот дел и Акцискиот план за Развојната стратегија 2023-2027 кои се во насока на почитување и зацврстување на улогата и положбата на Врховниот суд како највисок суд во државата во согласност со уставното начело на поделба на власта.
На седницата на судии, претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, извести и за преземените активности во врска со имплементацијата на стандардите и правилата за безбедност за заштита на класифицирани информации, како и за потпишаната Политика за интегритет на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Исто така, на предлог на претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, Седницата на судии дискутираше за ажурното постапување по предметите од висок профил и јавен интерес, како едно од клучните прашања за ефикасноста на судството и јавната доверба.
Врховен суд на Република Северна Македонија