Адеми: Интегритетот на судијата е најсилната гаранција дека тој нема да биде подложен на притисоци и влијанија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Адеми: Интегритетот на судијата е најсилната гаранција дека тој нема да биде подложен на притисоци и влијанија

Изјави, Новости  |  03.10.2022
Постојат два клучни фактори за независноста на судиите и воопшто за независноста на судството. Тоа се стручното знаење и личниот интегритет. Особено важен е личниот интегритет на судијата бидејќи стручното познавање на проблематиката ја губи својата смисла и цел доколку не постои етичноста, вели во интевјуто за „Академик“, претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми.

 

                  

 

Преку својот личен пример секој судија го штити угледот на судството и независноста на судската власт и воедно ја зајакнува довербата на граѓаните. Интегритетот на судијата е најсилната гаранција дека тој нема да биде подложен на притисоци и влијанија од каква било природа и дека ќе постапува правично и законито во интерес на правдата, но и дека ќе постапува професионално во име на граѓаните.

Непристрасното применување на правото и прописите, правичното судење, унапредувањето на човековите права, еднаквоста пред законите и правната сигурност заснована на владеење на правото се темелни принципи на секое независно судство и на секоја правна држава.

И овие принципи не смеат да бидат само декларативно запишани начела, туку треба да бидат жива практика, начин на однесување и постапување, цврст стандард во функционирањето на судството“, истакнува Адеми.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_