Средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија
Njoftime
|
8 Shk 2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на 08.02.2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Македонија, оствари средба со Н.Е. г-ѓа Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во Република Македонија.
Соговорниците изразија задоволство од добрите пријателски односи помеѓу двете земји, истакнувајќи дека истите треба да се зајакнуваат и во иднина. Беше разговарано за размена на претставници од судството, кои би имале можност поблиску да се запознаат со правосудните системи и добрите практики на двете земји.
Средбата заврши со искажана заемна благодарност и желба за успешна соработка во иднина.