Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ВРХОВЕН СУД - НАДЛЕЖНОСТИ
Организацијата на работата во Врховниот суд според според Законот за судови (сл.весник бр.58/06) и Законот за изменување и дополнување на Законот за судови (сл.весник бр.35/08)

Како највисок суд во државата, е надлежен:
-да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
-да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;
-да решава во втор степен по жалба на одлуките на Управниот суд во случаите предвидени со закон;
-да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
-да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежности меѓу апелационите судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд и да решава за месна надлежност кај овие судови;
-да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија и
-да врши други работи определени со закон.

Својата функција да обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите, Врховниот суд ја остварува меѓу другото и со утврдување начелни ставови и начелни правни мислења по прашања,од значење за обезбедување на единство во примена на законите од страна на судовите, по сопствена иницијатива или по иницијатива на судиите или судските оддели од судовите, давање мислења по предлози за закони и други прописи кога со нив се уредуваат прашања од значење за работа на судовите,разгледува прашања во врска со работата на судовите, примена на законите и судската практика и др.
ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ
 
ОДЛУКИ НА ВРХОВНИОТ СУД
 
Искористете ја формата прикажана подулу за пребарување во базата на одлуки на Врховниот суд.
За подобро филтрирање на резултатите искористете ги и дополнителните полиња за категорија на документот и датум.
 
име или дел од името:
категорија и/или подкатегорија:
датум на донесување на одлуката:
од:   до: